Welcome to the Energo Solar Official Web Page

 

Енерго Солар вградува а Владата субвенционира - Почна субвенционирањето за вградување на сончев Колектор

1.  Министерството за економија со цел за стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2014 година, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противредност под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системи во својот дом врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012 и 2013 година.

2.    Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат купувачите кои ќе ги купат и вградат во своите домови соларните колектори по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2014 година, кои го немаат искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системи и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок. За повеќе информации посететего сајтот на министерството за Економија: www.economy.gov.mk

Со почит!

Енерго Солар ДООЕЛ Тетово


 

   

Installations

 

Postignata Temperatura
Tetovo(nas.Zicara)
Tetovo(s.Celopek)
Tetovo(s.Celopek)1